Кина предупреди на ризик ситуацијата на Блискиот Исток да ескалира

23.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кина предупреди на ризик ситуацијата на Блискиот Исток да ескалира

За време на редовната прес-конференција, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан, го повтори повикот на Кина за итно прекинување на огнот.

„Употребата на сила само ќе доведе до маѓепсан круг“ на размена на напади, рече Лин.

Како економски и политички партнер на Иран, Кина остро ги осуди нападите на САД и Израе, кои почнаа на 28 февруари.

Кина исто така имплицитно ги критикува нападите на Иран врз земјите во регионот и блокадата на Ормуската Теснина.

Дискретно работи на смирување на тензиите преку дипломатски канали, пишува парискиот весник „Ле Монд“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата