Хили: Пред еден месец британската и норвешката армија одвратија руски подморници

9.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хили: Пред еден месец британската и норвешката армија одвратија руски подморници

Една руска подморница од класата Акула и две подморници на Главната управа за длабокоморски истражувања пловеле во близина на подводните кабли и цевководи во британските територијални води.

- На претседателот Путин му порачувам: Ве гледаме. Ги гледаме вашите активности околу нашите кабли и цевководи и треба да знаете дека секој обид за нивно оштетување нема да биде толериран и ќе има сериозни последици - наведе Хили. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата