Калас ја поздрави најавата дека нема да има напади врз енергетската инфраструктура на Иран

23.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Калас ја поздрави најавата дека нема да има напади врз енергетската инфраструктура на Иран

Калас, која во Абуџа се сретна со нигерискиот министер за надворешни работи Јусуф Маитама Тугар, изјави дека нападите врз инфраструктурата предизвикуваат хаос во регионот и дополнително го ескалираат војната.

Трамп претходно денеска соопшти дека САД и Иран воделе продуктивни разговори во последните два дена, по што побарал одложување на нападите врз иранската енергетска инфраструктура и електраните во наредните пет дена.

Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“ напиша дека разговорите се воделе за целосно решавање на „непријателствата“ на Блискиот Исток.

„Судејќи по тонот на овие длабоки, детални и конструктивни разговори, кои ќе продолжат во текот на неделата, побарав од Министерството за војна да ги одложи нападите врз енергетската инфраструктура и електраните на пет дена, што ќе зависи од успехот на преговорите и дискусиите“, напиша Трамп. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата