Ова ќе биде првиот извоз на јапонски воени бродови од крајот на Втората светска војна, а испораката на првиот брод на Кралската австралиска морнарица е закажана за 2029 година, објави Си-Ен-Би-Си.
Акциите на „Мицубиши Хеви Индустрис“ пораснаа за 3,64 проценти откако компанијата го објави договорот. Тие пораснаа за околу 75 проценти во последните 12 месеци.
Договорот од 10 милијарди австралиски долари (7,15 милијарди долари), првпат објавен во август, доаѓа во услови на извештаи дека Јапонија се подготвува да ги ублажи ограничувањата за извоз на оружје овој месец.
Во меѓувреме, Канбера издвои до 20 милијарди австралиски долари за флота од 11 фрегати за општа намена. Првите три ќе ги изгради „Мицубиши Хеви Индустрис“.
Новите воени бродови, базирани на надградената фрегата од класата „Могами“ (Mogami), ќе ги заменат сегашните бродови од класата „АНЗАК“ (ANZAC) на австралиската морнарица, кои се во употреба од 1980-тите.
Јапонската компанија ја доби нарачката пред германскиот конкурент „ТисенКруп Марин Системс“ (ThyssenKrupp Marine Systems), кој исто така учествуваше на тендерот.
Според австралиски медиуми, „Мицубиши Хеви Индустрис“ понудил пократки рокови на испорака од германскиот производител.

