Изралеците ја пресретнаа флотилата за Газа (ВИДЕО)

18.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Изралеците ја пресретнаа флотилата за Газа (ВИДЕО)

Претходно денеска, израелското Министерство за надворешни работи изјави на X дека „нема да дозволи кршење на законската поморска блокада на Газа“.

Бродовите на Глобалната флотила Сумуд испловија по трет пат во четврток, од јужна Турција, откако Израел ги пресретна претходните обиди за испорака на помош во Газа во меѓународни води. Во видео емитување во живо во понеделник, воени бродови можеа да се видат како се приближуваат кон бродовите на флотилата.

„Среде бел ден“

„Воени бродови моментално ја пресретнуваат нашата флота, а (израелските) сили се качуваат на нашиот флотила, на сред бел ден“, објави Глобалната флотила Сумуд на X. „Ни треба безбеден премин за нашата законска, ненасилна хуманитарна мисија“, напиша флотилата. Во своето соопштение, Израел, исто така, ги повика „сите учесници во оваа провокација да ја сменат насоката и веднаш да се вратат“.

Претходната флотила заврши на Крит

Претходната флотила ја напушти Шпанија на 12 април, но израелските сили ги пресретнаа бродовите на таа група. Потоа тие истоварија повеќе од 100 пропалестински активисти на Крит, а уште двајца приведоа во Израел.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата