„Израелските воздухопловни сили (ИАФ), дејствувајќи врз основа на разузнавачки податоци од морнарицата и ИДФ, почнаа да гаѓаат цели во северен Иран за првпат за време на операцијата ’Рикачки лав‘ (Roaring Lion)“, објави војската на социјалните мрежи, мислејќи на заедничката американско-израелска воена кампања против Иран што почна на 28 февруари.
Според претходните извештаи, нападите првенствено се фокусирани на цели кои му припаѓаат на иранското раководство.
Израелските медиуми претходно јавија дека ИАФ за првпат гаѓале бродови на иранската морнарица во Каспиското Море, кое граничи со северниот дел на земјата.
Израелската војска не го потврди ова експлицитно, но наведе дека нејзините тековни напади се засноваат на разузнавачки податоци од морнарицата, без да соопшти дополнителни детали, пренесе ДПА. Уништувањето на иранската морнарица е една од воените цели на Вашингтон во Иран.

