Израел вели дека Хезболах испалил 70 ракети на израелска територија

6.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Израел вели дека Хезболах испалил 70 ракети на израелска територија

„Во последните денови, стотици ракети и дронови беа испукани“ кон Израел, а од денеска „околу 70 ракети беа испукани“ кон израелска територија, изјави портпаролот на израелската армија Надав Шошани.

Од почетокот на израелската офанзива против исламистичкото движење на 2 март, „извршивме 26 бранови напади, во кои нападнавме повеќе од 500 цели во Либан и елиминиравме повеќе од 70 терористи на Хезболах“, објасни израелскиот портпарол. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата