„Веруваме дека планот на претседателот Трамп ќе донесе мир и просперитет бидејќи нагласува целосна демилитаризација, разоружување и дерадикализација на Газа“, соопшти кабинетот на премиерот.
-Израел им подава рака на мир и просперитет на сите свои соседи и ги повикува да ги нормализираат односите со Државата Израел и да се приклучат на нејзините напори за протерување на Хамас и неговите поддржувачи од регионот, се вели во соопштението.

