Иранскиот парламент подготвува закон за наплата за премин низ Ормуска Теснина

26.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иранскиот парламент подготвува закон за наплата за премин низ Ормуска Теснина

Според иранските власти, со законот треба да се „осигури безбедноста на бродовите што минуваат“ низ Ормуска Теснина, но не наведоа колку тоа ќе чини.

Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи синоќа изјави дека Иран досега ги прифатил барања за минување низ теснината од земји како Кина, Русија, Пакистан, Ирак и Индија.

Тој истакна дека Ормуска Теснина, од иранска перспектива, „не е целосно затворен, но е затворен за непријатели“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата