Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД

20.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД

- Не е донесена никаква одлука во врска со ова прашање – рече портпаролот Есмаил Багаи на прес-конференција во Техеран, пренесе ДПА.

Прекинот на огнот меѓу Иран, САД и Израел, кој стапи во сила на 8 април, треба да истече в среда, при што следните чекори засега не се јасни.

Претседателот на САД Доналд Трамп вчера изјави дека американски претставници денеска ќе пристигнат во Исламабад за понатамошни разговори.

Маратонските преговори меѓу Иран и САД одржани во Исламабад на 11 април завршија без договор за крај на војната, откако двете страни не успеаја да ги усогласат разликите околу Ормуската Теснина и иранската нуклеарна програма. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата