Иран му порача на Трамп: Нема да влезете триумфално во Пекинг

12.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иран му порача на Трамп: Нема да влезете триумфално во Пекинг

 „Господине Трамп, немојте ни да помислите дека со искористување на моменталното затишје во Иран, ќе можете триумфално да влезете во Пекинг“, изјави Али Акбар Велајати, цитиран од полуофицијалната новинска агенција Тасним во Иран.

„Ве победивме на „бојното поле“, затоа никогаш немојте да мислите дека ќе излезете како победници и во дипломатијата“, додаде тој. Да потсетиме дека Трамп во понеделник изјави дека едномесечното примирје меѓу САД и Иран е „на карти“. И покрај официјалното примирје, двете страни разменија оган во стратешки важниот Ормутски теснец во изминатиот период.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата