Според весникот, околу 10 балистички ракети биле истрелани кон централен Израел, а поголемиот број биле пресретнати од системи за воздушна одбрана, додека некои од ракетите паднале во ненаселени области.
По иранскиот напад израелските воздухопловни сили соопштија дека почнале „бран опсежни напади“ врз Техеран.
Како што се наведува во соопштението, цели на нападот била „инфраструктура“ поврзана со иранската влада во „срцето“ на главниот град на Иран.

