Инцидент во Лајпциг. Дрон со експлозив опасно се приближи до украински авион

5.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Инцидент во Лајпциг. Дрон со експлозив опасно се приближи до украински авион

Според безбедносни извори, леталото било опремено со експлозив и детонатор и се наоѓало во непосредна близина на украинскиот товарен авион „Антонов“.

Неколку авиони, вклучително и еден патнички, биле пренасочени откако на аеродромот во источна Германија биле забележани неидентификувано летало и сомнителен предмет.

Операциите во северниот дел на аеродромот продолжиле рано во средата, додека јужниот дел останува затворен додека трае истрагата.

Во близина на јужната писта е пронајден сомнителен предмет, кој полицијата го прегледала со помош на робот за отстранување експлозивни направи. Полицијата истражува дали постои поврзаност меѓу неидентификуван летечки објект и сомнителниот предмет.

Не постои непосредна опасност, изјави портпарол на полицијата. Аеродромот Лајпциг/Хале, сместен во источниот дел на земјата, игра централна улога во транспортот на воена опрема – особено за германската војска и сојузниците од НАТО – а служи и како база за флотата на украинската карго-авиокомпанија „Антонов ерлајнс“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата