Според наводите на компанијата, меѓу 00.40 и 1 часот три беспилотни летала со фиксни крила се обиделе да го нападнат објектот на извозната инфраструктура, пренесе „Тас“.
„Газпром“ наведе дека нападот бил одбиен благодарение на заедничките напори на силите на руското Министерство за одбрана и мобилните оперативни групи. Како што е соопштено, постројката не е оштетена и продолжува да функционира нормално.

