На разговорите во Братислава со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, Фицо исто така ги бранеше плановите на Словачка сама да одлучува за брзината и структурата на трошоците за одбрана во наредните години, додека повеќето членки на НАТО ги зголемуваат тие инвестиции.
Словачка се спротивстави на политиката на Европската Унија за помагање на Украина во одбраната од руската инвазија, а Фицо на состанокот со Руте повтори дека неговата влада нема директно да испраќа смртоносно оружје во Киев, но ќе дозволи склучување комерцијални договори.
- За време на разговорите, тој исто така побара од генералниот секретар да ја зајакне противвоздушната одбрана во Словачка, објави словачката влада во соопштение по синоќешниот состанок, без да даде дополнителни детали.
Словачка изминатите години се обидува да ги зајакне своите противвоздушни способности, при што набави системи за противвоздушна одбрана од Израел и купи нови борбени авиони Ф-16.
Таа е една од земјите-членки на ЕУ на источното крило кои во септември се согласија дека е потребно да се изгради „ѕид од дронови“ со напредна технологија за детекција.

