Ерупција на вулкан на Камчатка- пепел го прекри небото, опасност за авиосообраќајот

29.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ерупција на вулкан на Камчатка- пепел го прекри небото, опасност за авиосообраќајот

„Ерупциите исфрлија пепел од вулканот Шивелуч во висина од 11 километри. Експлозивната ерупција на вулканот продолжува. Кодот за боја на авијацијата е црвен. Вулканската активност претставува опасност за локалниот и меѓународниот воздушен сообраќај“, објави агенцијата, пренесува ТАСС.

Ова е втор ваков облак од пепел по ред. По првиот, мали количини вулканска пепел паднаа во Петропавловск-Камчатски и Виључинск.

Шивелуч е активен вулкан во Камчатка, кој се состои од вулканот Стар Шивелуч, древна калдера и активниот вулкан Млад Шивелуч, кој е стар 60.000-70.000 години. Се наоѓа на приближно 50 км од селото Кључи во Уст-Камчатскиот округ и на 450 км од Петропавловск-Камчатски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата