Ердоган: Од секои три продадени дронови во светот, два се произведени од турски компании

30.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ердоган: Од секои три продадени дронови во светот, два се произведени од турски компании

Според податоците презентирани од Ердоган турскиот извоз лани достигнал до 262 милијарди долари. Од Турција минатата година извезени се среднотехнолошки и високотехнолошки производи во вредност од 101 милијарда долари, а 18 компании извезле стоки и услуги во вредност од над една милијарда долари.

- Од секои три продадени дронови во светот, два се произведени од турски компании. Веруваме дека успехот што го имаме со дронови ќе се пренесе и на нашите борбени авиони, посочи Ердоган.

Тој додаде дека оклопните возила произведени во Турција веќе се глобален бренд.

Државата издвои шест милијарди евра за поддршка на извозниците на стоки и услуги. Целта е извозот во далечни земји да достигне 50 милијарди долари до 2028 година, а извозот во земјите од Организацијата за исламска соработка да се зголеми за 30 проценти.

Ердоган ја пофали турската филмска индустрија, наведувајќи оти турските серии се емитуваат во 250 земји и достигнуваат над 800 милиони гледачи. Според него, едно од нивните најголеми достигнувања е што многу млади луѓе низ целиот свет ја запознале Турција преку сериите.

Тој истакна и дека инфлацијата во мај била на најниско ниво во изминатите 3,5 години.

- Досега успеавме да ја држиме нашата земја подалеку од конфликтите во нашиот регион. Изминатата 2024 година беше година во која нашата земја имаше важни успеси. Нашата економија забележа раст од 3,2 проценти. Во првиот квартал од 2025 година забележавме економски раст од два проценти, наведе Ердоган.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата