- Нашето одбранбено партнерство е вистинска предност, изјави Вадефул, додавајќи дека со украинскиот иновативен капацитет, Германија исто така ќе биде подобро подготвена.
Тој беше придружуван од високи претставници на германски одбранбени компании. Во рамките на посетата се одржаа разговори со украински претставници и деловна заедница, а Вадефул најави и средба со претседателот Володимир Зеленски.
Германскиот министер изјави дека целта е создавање заеднички производствени погони за побрзо и пообемно производство на опрема за украинската одбрана. Тој нагласи дека, покрај воената помош, потребно е и присуство на германски компании во земјата, иако сè уште постојат бирократски и логистички пречки.
Украинскиот заменик-министер Андриј Сибиха предупреди дека руската војска се адаптира и користи нови технологии, што претставува закана и за Украина и за трансатлантската безбедност.
Вадефул посети и место во Киев погодено од руски ракетен напад и најави дополнителна воена, економска и хуманитарна поддршка за Украина. Тој ќе положи цвеќе и во Бабин Јар, во спомен на жртвите од нацистичкиот масакр во 1941 година.