Пател се појавил со својата партнерка, кантри пејачката Алексис Вилкинс (26), на универзитетскиот настан „Вистински американски фристајл“, што ги натерало некои интернет-истражувачи да се запрашаат како стигнал таму.
Алексис Вилкинс објави фотографии од себе со своето момче од настанот на социјалните мрежи, објавува „Индипендент“.
Авионот регистриран во Министерството за правда наводно направил лет од околу 40 минути од регионалниот аеродром Манасас во Вирџинија до регионалниот аеродром Стејт колеџ на 25 октомври. Околу два и пол часа подоцна, авионот полетал од Стејт колеџот за Нешвил, каде што живее Алексис Вилкинс.
Kash Patel scrambled government jet to watch girlfriend sing at wrestling bout, report says
— RELEASE THE EPSTEIN FILES NOW! (@e391615r) October 29, 2025
- The Independent https://t.co/FQR0YoUtYf
Во последните месеци, директорот на ФБИ се соочил со критики од пратениците кои велат дека премногу користи владини авиони за лични цели.
Како директор на ФБИ, Пател е должен да користи владини авиони за патување бидејќи мора да има пристап до безбедна комуникациска опрема. Директорот е должен да ги надомести трошоците на владата за лична употреба на авионот по цена на билет за комерцијална авиокомпанија.
Сепак, извештаите покажуваат дека Пател често го користи авионот за да присуствува на спортски настани и да ја посети својата девојка, што предизвика критики за количината на лични патувања што ги прави директорот.
Пател го бранеше своето користење на авионот, тврдејќи им на пратениците дека му е „наложено од Конгресот“ да користи владини авиони за сите патувања.
Интересно е што Пател еднаш го критикуваше поранешниот директор на ФБИ, Кристофер Вреј, за истото. Пател во 2023 година рече дека „приватниот авион на Вреј, кој е платен со пари од даночните обврзници за да лета низ земјата“, треба да биде приземјен.
Не е јасно колку Пател платил за неодамнешни лични или други слични патувања.
Директорот на ФБИ често го меша својот личен живот со своите работни обврски. Порано оваа година, „Њујорк тајмс“ објави дека за време на три патувања во Нешвил, каде што живее неговата девојка, директорот на ФБИ, исто така, ги посетил локалните теренски канцеларии и се сретнал со службени лица.

