Според украинските медиуми, спасувачките екипи и натаму трагаат по исчезнати под урнатините на уништена станбена зграда, додека десетици други лица се хоспитализирани.
Украинскиот претседател Зеленски претходно изјави дека во нападот биле употребени над 1.500 беспилотни летала и 56 ракети.
Од Кремљ обвинуваат дека украинските власти самите придонеле за трагедијата, бидејќи ветиле дека ќе ја запрат војната, но го направиле спротивното.
Двете земји во меѓувреме, во наредните неколку дена треба да спроведат и меѓусебна размена на околу 1.000 воени заробеници

