Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

22.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022 година, јавија денеска француските медиуми.

Според Павло Палиса, заменик-началник на кабинетот на украинското претседателство, разговорите се фокусираа на учеството на украинскиот воен персонал во идните вежби на Алијансата.

Двете страни разговараа и за развојот на Заедничкиот центар за анализа, обука и образование меѓу НАТО и Украина, што е отворен на почетокот на 2025 година. Украинските власти ја нагласија својата улога во безбедносниот сектор, наведувајќи дека Украина повеќе не е само потрошувач, туку и производител на воена експертиза.

Во мај 2025 година, вежбата наречена „Хедгехог 2025“ собра повеќе од 16.000 војници од 12 земји-членки на НАТО, заедно со украински експерти за беспилотни летала.

Според американските медиуми, вежбата, одржана во Естонија, имаше за цел да симулира бојно поле со беспилотни летала и ги истакна ранливостите на Алијансата во услови на модерно војување со беспилотни летала. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата