Арапските земји бараат од Ирак да ги запре нападите на иранските сојузници од своја територија

26.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Арапските земји бараат од Ирак да ги запре нападите на иранските сојузници од своја територија

Овие земји ги осудија „отворените напади“ на Иран низ регионот и нагласија дека, иако ги почитуваат братските односи со Ирак, таа држава мора да ги спречи нападите за да се зачуваат меѓусебните односи и да се избегне понатамошна ескалација. Воедно, тие го истакнаа своето „целосно и неотуѓиво право на самоодбрана“.

Иран долго време се потпира на моделот на дејствување преку посреднички групи (прокси), што е клучен столб на неговата моќ во регионот. Техеран финансираше и вооружуваше мрежа на организации, вклучувајќи ги Хезболах, Хутите и Хамас. По нападите од 7 октомври, Израел води војна против овие организации, со што значително е ослабено иранското влијание во регионот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата