Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

24.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“.

Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност во регионот и во Ормуската Теснина е директна последица на нападите врз Иран извршени на 28 февруари. Шефот на иранската дипломатија повтори дека Техеран одлучно ќе го брани својот национален суверенитет и територијален интегритет.

Министерот Чо изрази сочувство за жртвите меѓу иранските граѓани и предупреди дека регионалната нестабилност има сериозни негативни последици врз глобалната економија, особено врз енергетските пазари.

Арагчи во текот на денот оствари разговори и со своите колеги од Египет и Оман, Бадр Абделати и Саид Бадр Албусаиди, при што беше нагласена неопходноста од регионална деескалација и засилена координација меѓу државите во регионот за намалување на тензиите. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата