Американски и ирански претставници одржаа одделни средби со пакистанскиот премиер

11.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Американски и ирански претставници одржаа одделни средби со пакистанскиот премиер

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, се сретна со Шариф, а на состанокот присуствуваа и специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, и Џаред Кушнер.

Шариф изрази надеж дека разговорите ќе послужат како чекор кон траен мир во регионот, според соопшти кабинетот на пакистанскиот премиер.

Претходно, се одржа состанок меѓу иранската делегација и Шариф, јави Би-Би-Си.

Извор од пакистанската влада изјави за Би-Би-Си дека премиерот Шариф се сретнал со иранската делегација за време на ручекот.

Како и во претходните преговори, можно е пакистанските претставници да се состануваат наизменично и одделно со членовите на делегациите за да утврдат дали може да се постигне напредок по различни точки од предлозите на двете страни.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата