Американската војска уби четири лица во напад врз сомнителен брод за шверц на дрога

15.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Американската војска уби четири лица во напад врз сомнителен брод за шверц на дрога

Врз основа на разузнавачки проценки, бродот се движел по позната рута за трговија со дрога и се верувало дека е вклучен во шверц на наркотици, наведе командата во објава на Х.

По наредба на претседателот Доналд Трамп, американската војска од септември 2025 година спроведува смртоносни напади врз пловила во Карибите и источниот Пацифик за кои постои сомневање дека транспортираат дрога во Соединетите Американски Држави.

Според официјалните податоци, повеќе од 160 луѓе веќе се убиени во вакви напади, пренесе ДПА.

САД се соочуваат со значителен проблем со дрогата, кој властите често го припишуваат на странските мрежи за трговија. Критичарите, пак, велат дека смртоносните напади во меѓународните води го кршат меѓународното право.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата