Американската војска нападна брод за шверц на дрога

28.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Американската војска нападна брод за шверц на дрога

„Според разузнавачките информации, потврдено е дека бродот се движел по познати рути за шверц на дрога во Источниот Пацифик и бил вклучен во операции за трговија со дрога“, се вели во објавата на социјалната мрежа X. „Во оваа акција беа убиени двајца наркотерористи. Нема повредени американски воени лица“, се додава во соопштението.

Инцидентот е дел од поширока воена кампања насочена кон бродови осомничени за шверц на дрога во регионот, во која од минатиот септември загинаа најмалку 194 лица.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата