Ал Шара во посета на Германија

30.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ал Шара во посета на Германија

Предвидено е Ал Шара да се сретне и со германскиот канцелар Фридрих Мерц, со кој ќе разговара за враќање на сириските бегалци во татковината и за реконструкција на Сирија по долгогодишната граѓанска војна.

- Наш интерес е да ја видиме Сирија обновена како стабилна и просперитетна нација, вклучително и со помош на многу, многу Сиријци, кои дојдоа тука во Германија и во Европа за време на граѓанската војна и најдоа засолниште тука - рече портпаролот на германската влада, Стефан Корнелиус, пред посетата.

Ал Шара ја предводеше исламистичката милиција Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) во соборувањето на долгогодишниот авторитарен владетел на Сирија, Башар ал-Асад, на крајот од 2024 година по речиси 14 години граѓанска војна. Потоа беше именуван за привремен претседател и оттогаш ја насочува Сирија кон зближување со Западот. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата