Аксиос: САД преку медијатори разговараат со Иран за 45-дневно примирје

6.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Аксиос: САД преку медијатори разговараат со Иран за 45-дневно примирје

 САД, Иран и група регионални медијатори разговараат за условите за потенцијално 45-дневно примирје што би можело да доведе до траен крај на војната, објави синоќа Аксиос, повикувајќи се на четири американски, израелски и регионални извори запознаени со разговорите.

Ројтерс не можеше да ја потврди веста, бидејќи Белата куќа и американскиот Стејт департмент не одговорија веднаш на барањата за коментар.

Според Aксиос, медијаторите разговараат за условите на двофазен договор, при што првата фаза е потенцијално 45-дневно примирје за време на кое би се преговарало за траен крај на војната. Втората фаза би била договор за завршување на војната.

Исто така, се наведува, примирјето би можело да се продолжи доколку е потребно дополнително време за разговори.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави за Волстрит џурнал дека вторник вечер е неговиот рок што Иран го доби за  отворање на Ормуската Теснина или ќе се соочи со напади врз критичната инфраструктура.

„Ако не сторат нешто до вторник навечер, нема да имаат повеќе електрани и нема да имаат никакви мостови“, изјави Трамп за „Волстрит Џурнал“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата