Заедничката обврска беше формализирана во петокот за време на годишниот состанок на министрите за надворешни работи на Советот на Европа, организација за човекови права која ја презеде водечката улога во решавањето на јурисдикциската празнина што ја остави меѓународниот кривичен суд. Состанокот се одржа во главниот град на Молдова, Кишињев.
Министрите одобрија резолуција со која се утврдува структурата и функциите на управниот комитет што ќе го надгледува трибуналот.
Македонија не ја потпиша оваа резолуција. Од соседите тоа не го направија Србија, Бугарија и Албанија, како и Босна и Херцеговина.
Европската унија, исто така, ја поддржа иницијативата, иако четири од нејзините земји-членки – Бугарија, Унгарија, Малта и Словачка – не ги додадоа своите имиња. Австралија и Костарика беа единствените неевропски потписници. списокот останува отворен за други земји да се приклучат.

