Селин Дион, наводно, продала над 9 милиони билети за концертите во Париз наесен

3.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Селин Дион, наводно, продала над 9 милиони билети за концертите во Париз наесен

Канадската дива најави 10 концерти во арената „Ла Дефенс“ - по повод нејзиниот 58. роденден, коишто би требало да се одржат од 12 септември до 14 октомври. Седиштето на нејзината продуцентска куќа „АЕГ“ (AEG) во Париз објави: „Ова е лудило, вистинска лудост, миг за историја!“ А пак, „А-икс-ес“ (AXS) - услугата за продажба на билети на „АЕГ“, истакна дека нивниот систем „совршено го издржал овој исклучителен притисок“, пренесува „Ле Паризјен“ (Le Parisien).

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Céline Dion (@celinedion)

Според весникот, досега има над „9 милиони обиди за купување влезница“, па ако овој податок е точна, тоа би можело да биде светски рекорд.

Но, и други бројки го потврдуваат огромниот интерес. Само еден час по видеопораката на Селин Дион во понеделникот навечер, 500.000 луѓе веќе „чекаа“ на нејзината официјална страница.

Дион, инаку, се бори со синдром на вкочанета личност (СПС) - ретко невролошко нарушување коешто предизвикува мускулна вкочанетост и болни грчеви што се јавуваат и исчезнуваат, и може да се влоши со текот на времето. Дион подробно опиша како состојбата влијаела на нејзиниот препознатлив глас.

- За жал, овие грчеви влијаат на секој дел од мојот секојдневен живот. Понекогаш ми го отежнуваат одењето и не ми дозволуваат да ги користам гласните жици за да пеам како што пеев порано. Секој ден напорно работам со мојот спортски терапевт за да ја вратам силата и способноста повторно да настапувам, но морам да признаам дека тоа е борба. Пеењето е сè што знам. Го правам тоа целиот мој живот и тоа е она што најмногу сакам да го правам, рече пејачката во таа прилика.

Нејзиното искуство со болеста е опишано во документарецот „Јас сум: Селин Дион“ (I Am: Celine Dion / Je suis: Céline Dion). Пејачката, исто така, имаше впечатлив настап на отворањето на Олимпијадата во Париз во 2024 година, каде што ја изведе „Химна на љубовта“ (L’Hymne à L’Amour) од Едит Пјаф. Во чест на нејзиното враќање, Ајфеловата кула беше осветлена во нејзино име во понеделникот. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата