Се огласи Аца Лукас, откако беше уапсен во Шведска и депортиран: Ќе го тужам организаторот

29.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се огласи Аца Лукас, откако беше уапсен во Шведска и депортиран: Ќе го тужам организаторот

Српската и регионална ѕвезда Аца Лукас требаше да одржи концерт со Стефан Ѓуриќ Раста и Амар Гилета Јашарспахиќ, но планот беше променет поради проблеми со документацијата со шведскиот организатор, објави српски Курир.

Пејачот Лукас ексклузивно разговараше за Hype TV и ја откри вистинската причина зошто му беше забрането да настапува во Шведска.

„Да, вистина е дека не ни дозволија да настапуваме бидејќи организаторот имаше неправилни документи. Ќе го тужиме организаторот бидејќи ни предизвика големи непријатности. Публиката што не можеше да ме чуе треба да бара враќање на парите за билетите“, изјави Лукас за Hype.

Наместо спектакл, публиката остана без концерт, а Лукас најавува судска постапка против одговорните.

„Ќе го тужиме организаторот, бидејќи ни предизвика непријатности. А публиката што не можеше да ме чуе, треба да бара враќање на парите за билетите“, изјави Лукас пред редакцијата на порталот Hype.

Приведен за време на гранична контрола

Според нашите информации, ситуацијата се случила на аеродромот, каде што властите извршиле проверка на патниците. Додека Раста и Гиле ја поминале пасошката контрола без никакви проблеми и влегле во Шведска, на Лукас му бил одбиен влез.

Извори блиски до случајот тврдат дека пејачот бил приведен на дополнително испрашување, по што е донесена одлука да не му се дозволи влез. Во моментов, како што дознаваме, тој е под надзор и чека понатамошни процедури.

Пејачот потоа бил депортиран.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата