Вселенскиот филмски спектакл „Проектот Хејл Мери“ (Project Hail Mary), во којшто Рајан Гослинг глуми научник задолжен да ја спаси планетата, имаше силен почеток киноблагајните ширум светот, со вкупно 140,9 милиони долари заработка (речиси 121,4 милиони евра).
Приказната со буџет од 200 милиони долари (173,4 милиони евра) го следи потфатот на молекуларен биолог кој се впушта во меѓугалактичка мисија за да го спаси човештвото од истребување. Вкупната продажба на билети вклучува 80,5 милиони долари во Северна Америка и 60,4 милиони долари од 82 други земји. Ова го означи најисплатливото деби во годината, надминувајќи го „Крик 7“ што заработи 33,1 милион долари во странство и 97,2 милиони на глобално ниво. Тоа е, исто така, и најуспешниот почеток во историјата на студиото „Амазон ем-џи-ем“ (Amazon MGM), надминувајќи го резултатот од филмот „Крид III“ од 2023 година.
- Бараниот роман на Вир ни даде силна основа, а Лорд и Милер создадоа визуелно зачудувачки трогателен филм предводен од брилијантниот Рајан Гослинг, кој бара да се доживее на најголемиот можен екран, со публика, рече Кевин Вилсон, главен директор за дистрибуција.
Филмот веќе се обликува како прв голем комерцијален успех за „Амазон“ во рамките на неговиот филмски оддел, откако компанијата го купи „Ем-џи-ем“ за 8 милијарди долари пред речиси четири години. Вкупно 13 кино-изданија се планирани за оваа, 2026 година, иако претходните проекти, како што се документарецот „Меланија“ и филмот „Злосторство 101“, се покажаа поскромни во споредба со нивните буџети, потсетуваат критичарите.
- Дебито на „Проектот Хејл Мери“ е доказ за силата на оригиналниот роман на Енди Вир и напорот што Лорд и Милер го вложија во неговата точна изведба. Ова доаѓа во време кога луѓето бараат бегство од хорор филмовите од реалниот свет. Ова е редок вид филм што ќе продолжи да привлекува публика во кината во наредните недели, рече Шон Робинс од „Фанданго“.
Приказната е заснована е на романот на Енди Вир, чие дело „Марсовецот“ претходно послужи како основа за истоимениот филм во режија на Ридли Скот, во којшто глуми Мет Дејмон, и тие тогаш заработија 630 милиони долари низ целиот свет. Новиот филм, режиран од Фил Лорд и Кристофер Милер, не е негово продолжение.

