Во февруари, тој објави антисемитски коментари на платформата X (поранешен Твитер), изјавувајќи дека „го сака Хитлер“ и дека е „нацист“. Неколку месеци подоцна, издаде сингл со наслов „Heil Hitler“ и почна да продава облека со свастики на својата веб-страница.
Во истиот период, се појавија информации дека се „разделил“ од својата сопруга Бијанка Ченсори, со која се појави на Греми наградите – каде таа носеше шокантен „голог“ фустан дизајниран од него.
Можеби ќе ве интересира: Канје Вест го тужи својот стоматолог: Ме направи зависен од гас за смеење (ВИДЕО)
Сепак, минатиот месец, тој објави серија наводно покајнички објави на X, а многумина се прашуваат колку се искрени тие.
На 22 мај напиша: „Завршив со антисемитизмот. Господи, прости ми за болката што ја предизвикав.“
Тогаш познат како Је, таткото на четири деца (кои ги има со неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан), изјави дека токму еден „FaceTime“ повик со децата му го променил срцето.
Сега изгледа дека раперот на хитот Stronger менува многу работи – вклучително и своето име.
Според „Page Six“, тие тврдат дека добиле нови деловни документи во Калифорнија, кои го покажуваат најновото менување на името на Је.
Неговиот главен финансиски директор, Хусаин Лалани, наводно поднел нови документи под името „Је Је“ (Ye Ye).
Можеби ќе ве интересира: Канје Вест повторно шокира со изјава за инцест: До 14 години ме силуваше роднина
Новиот потпис се појавува на документација поднесена за неколку од неговите бизниси, вклучувајќи ги „Yeezy Apparel“, „Yeezy Record Label“, „LLC“ и „Getting Out Our Dreams Inc“.
Је – или Је Је, како што сега наводно се нарекува – сè уште јавно не го потврдил ова ново име.
Сепак, на почетокот на месецов, 24-кратниот добитник на Греми напиша на X: „Конечно ќе престанам да го користам @kanyewest твитерот затоа што моето име е Је. Ќе отворам ye профил и тоа е тоа.“
Ова доаѓа откако неговиот шеф на кабинет, Мајло Јанополис, во март 2024 година, според писмо до кое дошол „Page Six“, побарал Вест да се нарекува Је.
„Је е една од најпрепознатливите личности во светот, во ранг со претседатели и папи,“ пишува во писмото.
„Не ја донесе лесно одлуката да го смени името – со што можеби се откажа од огромната вредност која брендот ‘Kanye West’ ја носеше. Промената е целосна, легална и трајна. Тоа е неговиот идентитет. Сега тој се вика Је.“
Британскиот крајно-десничарски политички коментатор повикал стриминг платформи, издавачи, продавници, синдикати, сајтови со текстови на песни и продавачи на податоци да го применат новото име.
„Тој во неколку наврати го нарече ‘Канје Вест’ своето име на роб,“ додал тој. „E црн човек во Америка кој сака право на целосно самоопределување, како и сите други.“