Полусестрата на Кејт Мос проговори за предозирањето со популарниот лек за слабеење, Оземпик

13.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Полусестрата на Кејт Мос проговори за предозирањето со популарниот лек за слабеење, Оземпик

Освен што блескаше во провокативен црн фустан на роденденската забава на нејзината пријателка Џесика Хорвел во Лондон, Лоти отворено зборуваше за притисоците што ги чувствувала во текот на својата кариера во документарната емисија „Цената на совршенството“.

Таа призна дека од почетокот на својата кариера чувствувала дека се очекува од неа да биде „копија на нејзината постара сестра“. „Секогаш чувствував дека ме споредуваат со неа. Луѓето беа како: „Одлично, сега имаме нова Кејт Мос“. Беше голем притисок - да изгледам и да се однесувам како неа“, рече Лоти.

Таа, исто така, објасни дека нејзините несигурности во телото започнале во детството, а светот на манекенството го направил уште полошо.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Lottie Moss (@lottiemossxo)

Опасен пат до губење на тежината

Лоти откри дека притисокот од врсниците ја навел да посегне по брзи решенија, вклучувајќи инјекции на Оземпик, лек што се користи за дијабетес, но кој стана популарен за губење на тежината. „Слушнав дека делува и си помислив зошто да не го пробам. Го добив нелегално од лекар кој даваше инјекции „под маса“, без никакви тестови“, призна таа.

По само две недели употреба, Лоти ослабела седум килограми, но нејзината состојба одеднаш се влошила - доживеа епилептичен напад и заврши итно во болница. „Се чувствував како да умирам. Тоа беше застрашувачко искуство“, рече таа.

И покрај сè, таа призна дека во еден момент, откако ја напуштила болницата, била задоволна од својот изглед - токму затоа, вели таа, разбира зошто луѓето се враќаат на ваквите методи. „Нема да лажам, неколку пати размислував повторно да го земам Оземпик. Тоа покажува колку е заразно тоа чувство на слабост.“

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Lottie Moss (@lottiemossxo)

Враќање кон природниот изглед

Покрај борбата со тежината, Лоти неодамна одлучи да ги отстрани филери од усните и вилицата, како и тетоважа под окото, бидејќи, вели таа, „конечно се чувствува како себеси“.

Во 2021 година го отвори OnlyFans

Лоти Мос се посвети на манекенството на 14-годишна возраст, но откако учествуваше во реалното шоу Celebs go Dating, во 2021 година одлучи да ја отвори својата страница OnlyFans, каде што, според Daily Mail, заработувала околу 36 илјади евра месечно. Неодамна откри дека повеќе не планира да го прави тоа бидејќи, како што рече, „станала жена“ и го надраснала објавувањето експлицитна содржина.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата