Поради влошената здравствена состојба и експлицитните упатства на стручниот медицински тим, пејачката беше принудена да одложи два големи самостојни концерти во загрепската сала „Ватрослав Лисински“, кои беа закажани за 3 и 4 октомври, пренесе Телеграф.
Според достапните информации и извори блиски до Тереза Кесовија, нејзината здравствена состојба во моментов не е опасна по живот, но лекарите процениле дека е потребно таа да остане под постојан медицински надзор за да може ситуацијата целосно да се стабилизира.
Беше нагласено дека хоспитализацијата не е само превентивна мерка, туку дека навистина се појавиле срцеви проблеми кои бараат болничко лекување.
Пред да оди во болница, Тереза се обрати до својата публика преку својот официјален Инстаграм профил и им испрати емотивна порака:
- Драги мои, знам колку сите со нетрпение ги очекувавме претстојните концерти во Лисински, но поради неочекувани срцеви проблеми и експресните упатства од стручниот медицински тим, морам да ја одложам нашата средба и да го послушам моето срце, но овој пат на малку поинаков начин и да му дадам време да се опорави“.

