Тие се венчаа седум месеци откако се појавија заедно на наградите Цезар во Франција. На церемонијата, Кери ја нарече Мин Ах негова „прекрасна партнерка“ во говорот што го одржа целосно на француски.
„Благодарам на моето прекрасно семејство, ќерката Џејн и внукот Џексон. Ве сакам сега и засекогаш. Благодарам на мојата прекрасна партнерка, Мин Ах“, рече тој на француски додека публиката со овации ја поздравуваше неговата ќерка, внука и партнерката. „Те сакам, Мин Ах. И конечно, му благодарам на најдуховитиот човек што некогаш сум го познавал - татко ми Перси Џозеф Кери, кој ме научи на вредноста на љубовта, дарежливоста и смеата“.
„Имам доволно“
Ѕвездата на „Ајс Вентура“ е познат по тоа што ретко зборува за својот приватен живот. Во април 2022 година, додека го промовираше Sonic the Hedgehog 2, тој во интервју за Access Hollywood рече дека размислува да се повлече од актерството за да ужива во потивок живот.
Кога водителот Кит Хувер го прашал дали е сериозен, Кери одговорил: „Јас сум прилично сериозен“. „Зависи“, објасни тој. „Ако ангелите ми донесат сценарио напишано со златно мастило и ми кажат дека тоа е нешто што ќе биде навистина важно за луѓето да го видат, можеби ќе продолжам да глумам. Но, засега, паузирам“.
Тој рече дека го цени животот подалеку од очите на јавноста, каде што може да слика и да поминува време со своето семејство. „Навистина ми се допаѓа мојот мирен живот, сакам сликање и ми се допаѓа мојот духовен живот. Се чувствувам како да имам доволно, а тоа е нешто што можеби никогаш повеќе нема да го слушнете од славна личност“, изјави тој.
Претходни врски и бракови
Кери претходно беше во врска со колегата од „Kidding“ Џинџер Гонзага. За прв пат заедно се појавија на црвениот тепих во јануари 2019 година, а потоа портпаролот на актерот потврди за People дека се во врска. Во октомври истата година, Us Weekly објави дека раскинале по помалку од една година.
Актерот претходно беше во брак со Лорен Холи, со која глумеше во филмот „Dumb and Dumber“, од 1996 до 1997. Беше во брак со својата прва сопруга Мелиса Вомер, со која ја има ќерката Џејн од 1987 до 1995 година.

