Очекувано, веднапш вниманието на јавноста го привлече неговата партнерка Нара Баптиста, со која е во врска од крајот на 2023 година.
Винсент Касел и неговата 29 години помлада партнерка Нара Баптиста, која го роди неговиот син минатата година, се појавија на црвениот тепих на Канскиот фестивал 2026.

Тој пристигна во Кан по повод премиерата на филмот „Паралелни приказни“ во кој игра една од главните улоги.
Двојката предизвика големо внимание на црвениот тепих, а многумина коментираа за нивните координирани модни изданија и светлите насмевки што ги „чуваа“ цело време за време на фотосесијата.
Познато е дека Винсент ја сака модата и дека внимателно избира модни парчиња за големи настани и филмски проекции - и тоа беше случај и овој пат.
Поради разликата во годините од речиси три децении, двојката често се соочува со бројни критики на мрежите. Коментарите како: „Можеш да бидеш дедо“ или „Имаш прекрасна внука“ често се забележливи под нивните заеднички фотографии.

Сепак, ваквите забелешки се чини дека воопшто не влијаат врз нив, бидејќи тие продолжуваат да се појавуваат заедно на најважните светски настани, без да се обидуваат да ја сокријат својата врска.

