Деми Мур му го честиташе роденден на екс сопруг Брус Вилис: Сè што ти треба е љубов

21.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Деми Мур му го честиташе роденден на екс сопруг Брус Вилис: Сè што ти треба е љубов

Актерот Брус Вилис синоќа го прослави својот 71-ви роденден.

Вилис страда од фронтотемпорална деменција, болест која му стави крај на кариерата и му го отежна секојдневниот живот.

Во 2022 година се случи момент кој ги шокираше неговите обожаватели.

Вилис одеднаш ја заврши својата кариера поради афазија, која подоцна се разви во фронтотемпорална деменција.

Болеста значително влијае на неговиот говор и однесување и го промени секојдневниот живот на целото семејство. Денес, актерот живее одделно во куќа на приземје за да ја добие потребната нега, но секој ден го поминува со своите најблиски.

Ема Хеминг Вилис го одбележа 71-виот роденден на својот сопруг Брус на посебен начин. Таа објави негова фотографија на социјалните мрежи со емотивна порака, а го искористи својот роденден за да привлече внимание кон новата добротворна организација што ја основа во нивно име.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

По повод роденденот на Брус, се огласи и неговата поранешна сопруга Деми Мур, споделувајќи негова фотографија со неговиот внук.

- Сè што ти треба е љубов. Среќен роденден Брус - напиша Деми.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата