Жестоки критики по очајното деби: Тудор е кукавица, ни требаше храбар тренер!

23.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Жестоки критики по очајното деби: Тудор е кукавица, ни требаше храбар тренер!
фото: Tottenham Hotspur (X)

Игор Тудор вчера го имаше своето деби на клупата на Тотенхем – и тоа со најтешкото можно сценарио. Големото дерби на северен Лондон против Арсенал, првиот фаворит за титулата, заврши со тежок пораз од 4:1 пред домашните навивачи.

Наместо позитивен шок и нова енергија, Тудор доби ладен туш. Тотенхем сега е на 16-то место со 29 бода, само четири над зоната за испаѓање. Во време кога се очекуваше новиот менаџер да реагира, следеше настап што ги загрижи и навивачите и аналитичарите.

„Игор Тудор не е тој. Поставата беше ужасна. Ни требаше тренер со храброст. Некој што ќе ја пополни очигледната дупка во тимот, кој ќе игра со крилни играчи кои можат да ја држат ширината, но НИШТО да не прават од тоа! Исто како со Френк. Кукавица“, е еден од коментарите што се проширија низ социјалните мрежи.

Би-Би-Си верува дека Спарс имаат доволно квалитет за да останат во лигата, но предупредуваат колку би било катастрофално испаѓањето.

„Неверојатно е што воопшто споменуваме дека Спарс би можеле да испаднат. Тоа е апсолутно смешно. Без разлика дали го обвинувате регрутирањето на играчи или сопствениците, тоа би било катастрофа за тој клуб“, рече колумнистот Дени Марфи.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата