УЕФА го суспендира Престијани!

23.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
УЕФА го суспендира Престијани!
фото: Madrid Xtra @MadridXtra (X)

По се она што се случуваше на првиот меч од плеј – офот во ЛШ во Лисабон, на средбата Бенфика – Реал Мадрид, Џанлука Престијани е суспендиран од УЕФА иако постапката за расизам што беше покрената против него по минатонеделниот дуел со Винисиус Жуниор сè уште не е завршена.

УЕФА, иако без официјални докази, одлучи да го суспендира Аргентинецот. Тој нема да биде на натпреварот во Мадрид во среда. Оваа одлука ја подели јавноста. За многумина, ова е доказ за моќта на Реал Мадрид и ја сметаат за неправедна бидејќи обвинувањата за расизам не се официјално докажани, додека за други тоа е сосема правилна одлука.
Во меѓувреме, истрагата против овој фудбалер продолжува. Засега, суспензијата важи за натпреварот со Реал Мадрид, а ќе видиме како ќе заврши сè.

Раководството на Бенфика е разочарано од одлуката на УЕФА да го суспендира овој фудбалер. Тие се огласија со соопштение за медиумите.

Бенфика денес беше информирана од УЕФА за суспензијата на Џанлука Престијани како дел од истрагата за инцидентот што се случи за време на натпреварот против Реал Мадрид“, се наведува во соопштението и продолжува:
„Клубот жали што е без играч бидејќи истрагата е сè уште во тек и ќе поднесе жалба на оваа одлука, иако таа жалба веројатно нема да има никакво влијание врз реваншот од Лигата на шампионите.Бенфика уште еднаш ја нагласува својата посветеност на борбата против сите форми на расизам и дискриминација, вредности кои се составен дел од нејзиниот историски идентитет и се рефлектираат во нејзините секојдневни активности.“


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата