Здодевно реми на Милан и Јуве во битката за ЛШ

26.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Здодевно реми на Милан и Јуве во битката за ЛШ
фото: Juventus (X)

Екипите на Милан и Јувентус го одиграа својот натпревар од вечерашната програма од италијанската Серија А. Големото дерби кое требаше да ни го даде одговорот за тоа кој ќе игра Лига на Шампиони следната сезона заврши со нерешен резултат 0:0.

Двете екипи не ги оправдаа очекувањата на навивачите и одиграа здодевен натпревар без многу шанси и со тактизирање на двете страни. Единствените возбудувања беа голот кој го постигна Кепрен Турам во 36-тата минута и кој беше поништен поради офсајд и пречката која што ја погоди Теун Копмајнерс.

Со ова реми и двата тима ги задржаа своите позиции на табелата. Милан е на третото место и има 67 бода, а Јувентус е на 4-тата позиција и има 64 бода.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата