Торино го одложи шампионското славје на Интер

26.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Торино го одложи шампионското славје на Интер

Фудбалерите на Интер ремизираа на гостински терен со Торино 2:2, по пшто мораше да го одложат шампионското славје. Сепак, „нероаѕурите“ се на чекор од титулата, затоа што сега имаат 10 бода предност пред Наполи, а остануваат уште четири кола, па им треба само една победа во преостанатите четири кола за да ја запечатат својата 21-ва шампионска титула.

Интер денес поведе со головите на Тирам во 23-тата минута и Бишек во 61-вата минута, но по којзнае кој пат оваа сезона херој беше Димарко, кој запиша две асистенции.

Интер беше подобар во првите 70 минути, но потоа имаше необјаснив пад, два брзи гола на противникот и реми за крај.

Головите за Торино ги постигнаа Симеоне во 70-тата и Влашиќ од пенал во 79-тата минута.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата