Ужасни сцени од стадиот во Осијек каде се игра мечот меѓу младите селекции на Хрватска и Турција. Имено некаде околу 35.минута при резултат 1:1, дојде до паника пред клупата на гостите. Веднаш реагираше возилото на Брзата помош и лекарските екипи. Турскиот селектор Егемен Коркмаз колабирал и загубил свест. Тој веднаш бил пренесен во болница, јасно е дека натпреварот беше прекинат.
sportmedia.mk

