Турција на нозе, Салах пристигнува во Трабзонспор

4.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Турција на нозе, Салах пристигнува во Трабзонспор
фото: Liverpool FC (X)

Она што се најавува веќе неколку дена, очигледно дена наскоро и ќе се случи. Турските медиуми денеска еруптираа по најновите информации дека тимот на Трабзонспор успеа да стигне до согласност од египетската супер звезда, Мохамед Салах и тој најверојатно во следните два три дена ќе се појави на потпис во овој клуб.

Како што е добро познато, Салах има слободни документи да пронајде нов клуб, откако летово и официјално си замина од Ливерпул, и беше поврзуван со неколку дестинации.

Од САД, преку Блискиот исток, за да на крајот турските суперлигаши сепак добијат предност. Бешикташ беше едниот клуб кој што отворено се заинтересира да го доведе ветеранот, но очигледно Трабзон беше побрз и поефикасен во процесот.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата