Реал Мадрид ја активираше клаузулата за откуп на Паз

26.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Реал Мадрид ја активираше клаузулата за откуп на Паз

Реал Мадрид ќе ја искористи опцијата за откуп на Нико Паз , објави „Ас“.

Мадридскиот клуб е задоволен од напредокот на играчот од средниот ред во текот на неговите две години во Комо.

Крајниот рок за активирање на оваа опција е 30 мај, а Реал Мадрид веќе ги извести сите страни за својата одлука.

Паз премина од Реал Мадрид во Комо во 2024 година. Оваа сезона, Аргентинецот постигна 12 гола и имаше шест асистенции во 33 натпревари од Серија А.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата