Светот го слави враќањето на Нејмар на Светското првенство

19.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Светот го слави враќањето на Нејмар на Светското првенство
FOTO: Confederação Brasileira de Futebol/FB

Нејмар ќе игра на своето четврто Светско првенство ова лето. Карло Анчелоти го повика најдобриот стрелец на сите времиња во историјата на Бразил за прв пат по долго отсуство, воодушевувајќи ги фановите ширум светот.

„Нејмар ќе биде важен играч за нас на Светското првенство. Цела година ја анализиравме ситуацијата на Нејмар. Сфативме дека во последниот период тој покажа конзистентност и е во добра физичка форма“, рече Анчелоти на прес-конференцијата каде што ги објави своите 26 играчи кои патуваат на форумот во САД, Канада и Мексико.

Бразил на специјален начин го одбележа соопштувањето на списокот за СП, а реакцијата за Нејмар беше вистински прославено. Моментот можете да го видите ТУКА. 

Официјалниот профил на ФИФА го сподели и голот на Нејмар против Хрватска, додека бразилската легенда го славеше својот „последен танц“.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата