Спалети добива нов договор од Јувентус

17.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Спалети добива нов договор од Јувентус
фото: JuventusFC (X)

Според денешното издание на Газета Дело Спорт, тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети е многу близку до потпишување на нов договор со клубот. Истиот би бил со траење со 2027 година со опција за една година плус.

Доколку Јуве обезбеди пласман во Лигата на Шампионите следната сезона што е многу веројатно, Спалети дефинитивно останува тренер на Јувентус.

Сепак, Лучијано Спалети исто така наводно поставил барања до раководството на клубот, вклучувајќи го задржувањето на напаѓачот Душан Влаховиќ, како и доведувањето на Леон Горецка од Баерн Минхен и Мејсон Гринвуд од Олимпик Марсеј.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата