Со високи, убедливи и заслужени 3:0, тимот на Манчестер Сити предмалку на свој терен го совлада тимот на Брендфорд и ја одржа во статус кво битката за титулата во Премиер лигата.
Фаворитот се мачеше во првиот дел и не постигна гол за да во продолжението нештата ги постави на свое место.
Најпрво во 60. минута Доку го отвори резултатот, за да петнаесет минути подоцна, Халанд зголеми на 2:0. Во судиското продолжение, Мармуш ги постави конечните 3:0.
Со овој триумф Сити дојде до 74. бодови по 35 одиграни кола и е втор. Лидерот Арсенал има два бода повеќе од исто толку мечеви, а утре го игра дуелот против тимот на Вест Хем на гости.

