Шокантни вести од Мадрид. Ѕвездата на Реал Мадрид и бразилската репрезентација, Родриго, доживеа сериозна повреда на коленото!
“Марка“ објави дека Бразилецот почувствувал болка во коленото по натпреварот со Хетафе и дека првичната прогноза не е добра, бидејќи се сомнева дека лигаментите се скинати и дека ќе биде надвор од теренот неколку месеци. Тоа значи дека заврши сезоната за него, а значи дека и ќе го пропушти претстијниот Мундијал.
Реал Мадрид сè уште не дал соопштение, но сите релевантни извори денес попладне откриваат дека повредата е најсериозната можна.
Во случај на кинење на предните вкрстени лигаменти, најкратката можна пауза е помеѓу шест и седум месеци, што значи дека во тој случај Родриго сигурно ќе го пропушти Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Се очекува Родриго потенцијално да биде подготвен да се врати дури на есен, односно кога сезоната ќе започне сериозно.
sportmedia.mk

