Шок за Ливерпул и Франција: Екитике потешко се повреди и во солзи го напушти теренот во Брајтон!(ФОТО)

21.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шок за Ливерпул и Франција: Екитике потешко се повреди и во солзи го напушти теренот во Брајтон!(ФОТО)
фото: LFC (X)

И тоа каков шок за “Редси“ и репрезентацијата на Франција. Имено големи проблеми го снајде Ливерпул во Брајтон. Уго Екитике го напушти теренот на стадионот „Амекс“ по осум минути, а сцените што се случија не навестуваат ништо добро. Уго Екитике, според сите извештаи, претрпе сериозна повреда на натпреварот Брајтон – Ливерпул. Французинот го напушти теренот по осум минути игра.
Во еден момент, напаѓачот на „Црвените“ се струполи на теренот. Му беше укажана помош, се обиде да продолжи, но набрзо му дојде крајот.
Мачни сцени беа видени во „Амекс“. Екитике се превиткуваше од болка на теренот, а потоа го напушти теренот во солзи. Многу тешки сцени за сите што го гледаа овој натпревар. Екитике може да помине долго време надвор од теренот и сега чекаме први вести од тимот на Ливерпул. 23-годишниот напаѓач пристигна во „Црвените“ минатото лето од Ајнтрахт за дури 95 милиони евра. Одигра 41 натпревар со учинок од 17 гола и шест асистенции.
Тој неодамна доби покана од Дидие Дешамп за француската репрезентација, која се подготвува за Светското првенство, но сега би можел да го изгуби сонот.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата